Појадокот е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. Во објавата се наведува дека претседателот Ајзенхауер учествувал на молитвениот појадок во Вашингтон во 1953 година.
Сиљановска-Давкова ја истакнала улогата на настанот во будењето и заштитата на човечкото достоинство, одговорноста и почитта кон другиот. Таа го поврзала тоа со период на поделби, недоверба и конфликти, како и со, според неа, газење на правото, етиката и моралот.
Таа оценила дека опстојувањето и интересот за Националниот молитвен појадок покажуваат дека дијалогот може да ги зближи луѓето и покрај политичките и верските разлики.
Претставниците и претседателката размениле ставови за регионалните состојби низ призмата на евроинтеграциите, како и за македонско-американските односи низ историјата и во рамките на стратешкото партнерство. Според објавата, се согласиле дијалогот да има предност пред конфронтацијата, толеранцијата пред нетрпеливоста, а мирот пред војната.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.