Сиљановска-Давкова го поздрави отворањето на првата резидентна амбасада на Македонија во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на политичката, економската и институционалната соработка со Литванија.
Двајцата претседатели се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучни за членство во ЕУ и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.
Сиљановска-Давкова посочи дека соседите може позитивно да придонесат за европската интеграција на регионот. Како пример ги наведе скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во ЕУ во 2004 година.
Таа го информираше Науседа за преземените чекори на Македонија кон ЕУ и за прашањата со кои се соочува земјата од добивањето кандидатски статус во 2005 година до денес.
Претседателката истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со Бугарија и дека за него е неопходно двете страни да пристапат со добра волја.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.