Рокас укажа на идентификуваните слабости и на потребата од засилени реформи во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.
Сиљановска-Давкова оцени дека зголеменото ниво на подготвеност во поглавјата за дигитална трансформација и медиуми, како и образование и култура, заедно со регистрираниот напредок во науката и истражувањето и во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, сведочат за институционалниот капацитет на државата да ги исполнува европските стандарди.
Претседателката очекува финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, да донесе видливи промени и напредок во Кластерот „Основи“. Таа смета дека извештајот треба објективно да го прикажува исполнувањето на Копенхашките критериуми, а не наметнатите билатерални политички услови, кои ги оцени како спротивни на европските вредности и принципи.
Сиљановска-Давкова оцени дека изоставувањето на Македонија од групата земји предводнички во проширувањето не ја отсликува реалноста и испраќа негативни сигнали до јавноста. Таа повика на еднаков третман на земјите-кандидатки и на политичка волја и поактивен ангажман на европските институции и земјите-членки за деблокада на македонскиот пат кон ЕУ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.