На средбата Рокас му го презентираше Извештајот за напредокот на Европската комисија за 2026 година, со акцент на оценките и препораките за правосудството.
Шасивари оцени дека напорите за спроведување на реформите даваат резултати и дека оценките на Европската комисија се подобрени во споредба со минатогодишниот извештај.
Тој ја потврди заложбата да продолжи работата на зајакнување на владеењето на правото, гарантирање на независноста на судството и градење поефикасни и поодговорни институции. Шасивари рече и дека останува посветен на исполнувањето на препораките на Европската комисија и обврските од Реформската агенда.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.