Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, побара обвинителството итно да постапи и да ја утврди одговорноста на сите што учествувале во преземањето и одобрувањето на Алта банка.
Во пријавата се бара прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците и дадените согласности, како и целокупната комуникација со домашните и странските институции. СДСМ бара и проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот.
Димитријевиќ бара веднаш да се преземат мерки на претпазливост за Славески и другите лица, вклучително и привремена забрана за вршење должности. Според него, мерките треба да спречат влијание врз сведоците и можно уништување документација што може да биде важен доказ во истрагата.
СДСМ бара да се испита дали биле проверени репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката. Димитријевиќ конкретно праша зошто не бил проверен Давор Мацура и капиталот што тој го оцени како сомнителен.
Димитријевиќ ги повика обвинителството и обвинителот Ненад Саевски да постапат независно, без политички влијанија и притисоци. Тој рече дека Саевски може да стане соучесник на организирана криминална група и да ја штити, доколку не постапи независно. Притоа го повика обвинителот да ги одбие повиците на Мицкоски и да постапува според законот.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.