Во критиките за јавните пари, СДСМ наведува „5,53 милиони евра за диџеј“ и „200 милиони евра скандали со тендери“. Партијата ја обвинува власта дека работи за туѓи интереси и профити на сметка на граѓаните.
Според СДСМ, потрошувачката кошничка со изнајмен стан надминала 90.000 денари, а Владата не презема мерки против поскапувањата и нема пари за минимална плата од 600 евра.
Партијата тврди дека долговите се зголемиле за четири милијарди евра за две и пол години. Како дополнителен показател за економските проблеми наведува странски инвестиции од 18,7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година, оценувајќи ги како најниски во историјата.
СДСМ наведува и дека земјоделските субвенции се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат. Според партијата, се подготвува втор ребаланс на Буџетот само два месеци по првиот, како и ново задолжување.
За европските интеграции, СДСМ оценува дека патот кон ЕУ е блокиран и дека Мицкоски ја турка земјата кон изолација, иако, според партијата, македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.