Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Сали: Реформите и постепената интеграција во ЕУ треба да одат паралелно

Фотографија објавена на јавниот профил на Беким Сали
Фотографија објавена на јавниот профил на Беким Сали
  • Сали порача дека реформите и постепената интеграција треба да напредуваат паралелно.
  • Литванија ќе претседава со Советот на ЕУ во првата половина на 2027 година.

Реформите и постепената интеграција во ЕУ треба да напредуваат паралелно и да донесат конкретни резултати за граѓаните, порача првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на средбата во Вилнус со Аста Скаисгирите, главна советничка на претседателот на Литванија.

Сали и Скаисгирите разговараа за европската перспектива на Македонија и за литванското претседавање со Советот на ЕУ во првата половина на 2027 година.

Проширувањето е еден од најавените приоритети на Литванија. Сали оцени дека тоа е можност да се зајакне кредибилен и предвидлив процес, заснован врз заслуги.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.