359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Претседателката во Брисел: Македонија очекува еднаков третман во проширувањето на ЕУ

Фотографија објавена на јавниот профил на Претседател на Република Северна Македонија
Фотографија објавена на јавниот профил на Претседател на Република Северна Македонија

Претседателката учествуваше на самитот за проширувањето на Европската Унија во Брисел, организиран од „Јуроњуз“. Таа порача дека Македонија очекува еднаков третман со другите земји кандидатки, според исти правила и стандарди.

Претседателката оцени дека е потребен суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во кој двете страни ќе можат да ги изнесат своите аргументи.

За реформите во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата, таа оцени дека постојат капацитети за напредок. Нивното спроведување, според неа, бара внатрешна политичка волја и поттик од Европската Унија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.