Во настап во емисијата „Колегиум“ на Алфа телевизија, Пренџов рече дека во периодот на техничката влада требало да се подигне кредит. Според него, СДС преку Наумов испраќал писма до банки, финансиски институции и меѓународни фондови, во кои предупредувал дека владата може да крахира и дека парите можеби нема да бидат вратени.
Пренџов тврдеше дека кредитот сепак бил земен со многу повисока камата и дека разликата била 30 милиони евра. Тој рече и дека државата целосно го вратила кредитот.
Пренџов оцени дека недостигот од соодветно обвинителство и неказнувањето на слични дела придонесуваат тие да се повторуваат. Повика обвинителите посериозно да се занимаваат со случувањата, а случајот со Наумов го поврза со неговото предупредување за паниката што, според него, ја шири Филипче.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.