359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Фотографија од објавата на Љупчо Пренџов
Фотографија од објавата на Љупчо Пренџов

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката беше донесена вчера на седница на Извршниот комитет на партијата.

Пренџов му се заблагодари на партискиот претседател Христијан Мицкоски за довербата, а на членовите на Извршниот комитет за поддршката.

„Ова за мене претставува ново поглавје во политичкиот ангажман, кое го започнувам со јасна определба“, порача Пренџов. Тој најави дека довербата ќе настојува да ја оправда со личен ангажман, доследност и конкретна работа, со одговорност кон партијата и кон Македонија.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, истакна Пренџов.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.