На конференцијата парламентарни претставници од европски земји дискутираа за актуелните безбедносни предизвици и иднината на европската безбедност.
Ковачевски ги истакна дезинформациите, сајбер-нападите и странското влијание како предизвици, како и потребата од зајакнување на демократските институции и довербата на граѓаните.
Тој рече дека меѓу чекорите преземени во Македонија се законското уредување на проверката на инвестициите во критичните сектори и инвестициите во државен дата-центар за обновување на податоците во случај на катастрофи.
Ковачевски оцени дека европската интеграција и членството во НАТО се важни столбови на безбедноста, стабилноста и демократската иднина на Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.