Според Бојковска, се предлага затворска казна за оној што со лажни изјави и исправи ќе изнесува неточни информации, со што ќе се загрози стабилноста на банкарскиот систем.
Бојковска ја образложува мерката со тоа што банкарскиот сектор се потпира врз довербата. Граѓаните им ги доверуваат заштедите на банките, кои ги користат прибраните средства за кредитирање на населението и стопанството. Довербата, според неа, е важна и за сигурноста на депозитите и редовното исполнување на обврските на банките.
Во врска со Алта банка АД Битола, Бојковска ги обвинува Венко Филипче и СДСМ дека 11 дена шират лаги и хипокризија. Таа вели дека прашањата биле одговорени на надзорната расправа во Собранието.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.