На средбата разговарале за политичкиот дијалог, економската соработка, евроинтеграциите, безбедносните предизвици и соработката во рамките на евроатлантското сојузништво.
Посебен фокус биле европската интеграција, надминувањето на пречките и динамизирањето на пристапниот процес. Муцунски ѝ се заблагодари на Литванија за континуираната и принципиелна поддршка за членството на Македонија во Европската Унија. Тој ја потврди посветеноста на Владата на реформската агенда и на изнаоѓање заемно прифатливо решение во билатералниот дијалог со источниот сосед, засновано на европските вредности и принципи.
Муцунски изрази благодарност и за солидарноста по пожарот во Кочани, кога четворица од најтешко повредените пациенти биле примени на лекување во Вилнус и Каунас.
Тој оцени дека новото дипломатско присуство ќе отвори можности за економско, образовно, културно и технолошко поврзување. Како можни области за продлабочување ги посочи трговијата и инвестициите, поврзувањето на студентите, академската заедница и уметниците, како и соработката во иновациите и дигиталната трансформација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.