Соработката е насочена кон воспоставување и развој на Академијата за професионален развој и обука на административните службеници. Според министерството, преку Академијата треба да се создадат услови за континуирано стекнување знаења и унапредување на вештините, како дел од напорите за професионална и компетентна администрација.
На билатералната средба во Рим министрите разговарале за тековните реформи, можностите за размена на италијанско искуство и идните активности во области како управувањето со квалитет, иновациите во јавниот сектор и Партнерството за отворена власт. Се договориле во наредниот период да ја дефинираат првата програма за заеднички активности за 2027 година.
Минчев порача дека реформите треба да донесат резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, а подобрите услуги за граѓаните ги наведе како крајна цел на соработката.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.