„ATACH“, Алијансата за трансформативна акција за клима и здравје, ја води Светската здравствена организација. На завршната сесија на денот посветен на алијансата, Клековски настапи заедно со министерот за здравство на Бахамите, Мајкл Дарвил, и Жером Вајнбах од Франција.
Клековски ги истакна практичните мерки на терен и поддршката поблиску до земјите, полесниот пристап до финансирање за конкретни здравствени проекти и партнерствата преку кои земјите би учеле една од друга.
На средбата со Андреа Конел, заменик-директорка за меѓународни работи во холандското Министерство за здравство, благосостојба и спорт, разговараа за натамошна соработка. Клековски наведе дека Холандија ги поддржува плановите.
Клековски се обрати и на прием на Светската здравствена организација и „ATACH“, заедно со бразилскиот министер за здравство Александре Падиља. Во објавата наведе дека првичните проценки за планот за заштита од топлотни бранови покажуваат дека секое вложено евро може да донесе околу 8,5 евра корист за општеството.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.