На средбата беа разгледани можностите искуството на ИФЕС во изборните процеси да се искористи во натамошната работа на реформата, како и соработката со организацијата.
Во разговорот беше нагласена потребата од дијалог и вклучување на сите засегнати страни, со цел да се најдат одржливи решенија за зајакнување на довербата во изборниот процес. Шасивари истакна дека реформата не може да биде еднострана и дека бара постојана комуникација, слушање на аргументите на сите страни и градење консензус.
Министерството за правда веќе презеде чекори за обновување на дијалогот меѓу политичките чинители. Последната консултативна средба со претставници на парламентарните партии беше дел од напорите за деблокирање на реформскиот процес и враќање на отворените прашања на дискусија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.