Муцунски и Малукос изразија подготвеност за зајакнување на билатералната соработка, особено преку проекти за инфраструктурно и енергетско поврзување. Соговорниците изразија подготвеност и за внесување нова динамика во економската соработка и соработката во културата и туризмот.
Муцунски изрази уверување дека дипломатското искуство и личниот ангажман на новиот амбасадор ќе придонесат за унапредување на политичкиот дијалог и добрососедските односи меѓу двете земји.
Министерот се заблагодари за грчката поддршка на македонскиот евроинтегративен процес и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија. Тој ја потврди посветеноста на Владата на целосното спроведување на европската реформска агенда, во подготовките за членство во ЕУ во согласност со Копенхагенските критериуми.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.