Договорот, ратификуван во Собранието, ги опфаќа Ќафасан, Блата, Горица, Тушемишт и Џепиште-Требиште. Заедничките контроли ќе се спроведуваат со планирано функционирање 24 часа на ден.
Меџити оцени дека ваквиот начин на работа ќе отвори повеќе можности за туризмот и трговијата во Струга и пограничните подрачја. За семејствата од двете страни на границата, според него, тоа би значело помалку време поминато во чекање и повеќе време заедно.
Тој синоќа го посети граничниот премин Ќафасан, по посетите во Струга. Најавата ја поврза со учеството на ВЛЕН во власта, наведувајќи дека по Косово се отвора патот и за полесно преминување на границата со Албанија. Меџити порача дека односите со Тирана и Приштина треба да се мерат со заедничката работа и отстранувањето на пречките за граѓаните, а не со слогани и зборови.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.