359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Лидерот на Левица најави шестчасовен работен ден како контрамерка за празниците

Извор на фотографијата: Левица
Извор на фотографијата: Левица

Лидерот на Левица Димитар Апасиев најави дека тој и партијата ќе предложат во Собранието шестчасовен работен ден, како контрамерка на предлогот на Стопанската комора за намалување на празниците.

Во понеделникот, Стопанската комора ги презентираше предлозите за измени на Законот за празниците, со кои бара намалување на празниците во календарската година.

Според иницијативата, бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.

На предлогот реагираше и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој рече дека Комората зборува за кратење празници, но не и за плаќање.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.