Од Левица велат дека до нив пристигнале реакции од жители на населеното место за состојбата по поставувањето на канализацијата. Според партијата, жителите секојдневно се соочуваат со отежнато движење низ улиците и со оштетувања на автомобилите поради нерамните и несанирани површини.
Левица тврди дека со третиот ребаланс најмногу средства се кратат токму од Програмата за изградба на локални патишта, улици и мостови. Според износите што ги наведува партијата, првично планираните 114.581.549 денари се намалуваат на 22.098.150 денари.
За локалниот огранок, ова намалување отвора прашања дали ќе се реализираат планираните инфраструктурни проекти и колку средства навистина ќе се вложат во патиштата и улиците во 2026 и во 2027 година.
Левица ја критикува ВМРО-ДПМНЕ, која раководи со градот, дека дошла на власт со големи ветувања, а граѓаните ризикуваат да останат само со надеж за пристојни услови за живот. Покрај итен почеток на санацијата во Градско Балдовци, огранокот бара населените места во општина Струмица да станат приоритет на општината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.