Критиката се однесува на моделот на заловување, третман и повторно враќање на кучињата на улица. Левица го обвинува градоначалникот дека безрезервно го поддржува овој модел со милионски средства од општинскиот буџет. Според партијата, покрај исплатите за „Шепа“, дополнително се исплаќаат милиони денари за обесштетување на граѓани каснати од кучиња, како и за адвокатски и судски трошоци.
Како една од главните причини за проблемот, огранокот ги посочува неконтролираното размножување и напуштањето на нестерилизирани домашни кучиња. Оценува дека тие не се решаваат системски, дека контролата на сопственичките кучиња и нивната регистрација не е доволно ефикасна и дека нема видливи резултати од санкционирањето на сопствениците што ги напуштаат.
За 2027 година, според Левица, се предвидени 300.000 денари за субвенционирање на стерилизацијата на домашни кучиња. Партијата го оценува тоа како позитивен, но само симболичен чекор, кој нема да доведе до темелно решавање на проблемот.
Огранокот бара системско решение преку стерилизација, регистрација и контрола на домашните кучиња, спречување на нивното напуштање и доследни санкции за неодговорните сопственици.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.