Според Левица, во септември бил најавен проект вреден 38 милиони денари, а на дневниот ред за седницата на Советот од 12 ноември се нашла предлог-програма за реконструкција на плоштадот за 2027 година. Огранокот бара да се прецизира и што треба да биде сработено до завршувањето на реконструкцијата.
Критиката е насочена кон министерот за транспорт и градоначалничката на Општина Неготино, кои, според Левица, се фалеле со милионски инвестиции додека граѓаните го чекале завршувањето на плоштадот. Партијата го обвини ДПМНЕ дека рекламирањето и односите со јавноста му се најлесниот дел од реконструкцијата.
Покрај договорениот рок, Левица побара да се објават досегашната реализација и исплатите за проектот. Огранокот бара одговорност за секое евентуално пробивање на рокот и отчет за потрошените јавни пари.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.