Советниците на Левица од ИЕ2 одржале заедничка средба со пратеникот Амар Мециновиќ, на која направиле анализа на првата година од четиригодишниот мандат. Во објавата како заклучок се наведува дека советниците на партијата се најактивниот чинител во општинските совети.
Објавата наведува дека советниците креирале политики за хумано и урбано живеење, со социјален карактер и можности за делување и унапредување на потенцијалот на младите. Левица се опишува и како најгласен чинител во заштитата на животната средина и борбата за подобар живот на младата популација.
Левица тврди дека делувањето на нејзините советници ја разнишало политиката на власта, која ја оценува како комотна, корумпирана и арогантна. Партијата го наведува тоа како главна причина поради која советниците на Левица во ИЕ2 трпат вербални напади и закани од градоначалници и советници на ДПМНЕ.
Левица наведува дека нема да се поколеба или заплаши и најавува дека ќе продолжи со јавно, транспарентно и борбено делување во интерес на народот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.