Левица бара да се утврди одговорноста од првите именувања до последната супервизорска одлука. Партијата тврди дека документите што би ги расветлиле одлуките остануваат скриени од јавноста и бара тие да содржат датуми, решенија, извештаи и законски основи.
Во објавата се бара да се објасни какви супервизорски проверки биле вршени и какви информации биле добивани од српските регулатори. Левица прашува зошто ограничувањето на располагањето со депозитите било избрано како заштитна мерка, додека, според партијата, гувернерот Трајко Славески уверувал дека банката е ликвидна.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.