Според ЛДП, предлозите за оваа мерка биле поднесени во Собранието во април 2025 и во март 2026 година преку партиската лидерка Моника Зајкова. Партијата ја обвинува власта дека свесно и пресметано ги отфрлила.
ЛДП наведува дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера јавно оценил оти електронските нараквици за насилниците и сторителите на семејно насилство би дале позитивни резултати и најавил усвојување на истата мерка. Денешното објавување на владиното законско решение партијата го нарекува „капитулација“ по собрани 17.500 потписи од граѓани и по јавниот притисок, а не победа на Владата.
По собирањето на потписите, ЛДП завчера третпат го поднесе законскиот предлог до пратениците, соопшти партијата. Оттаму порачуваат дека повеќе нема простор за оправдувања и нови грешки.
Во критиката кон власта, ЛДП тврди дека отфрлањето на предлозите и институционалното доцнење придонеле за загубата на дузина животи на жени и за голем број човечки трагедии. Партијата ги споменува Росица, Ивана, Катја, Рамајана и Билјана како имиња што не смеат да бидат заборавени и бара одговорност за загубените животи.
Заштитата на жените не смее да зависи од политички рејтинг, а нивната безбедност не е политички маркетинг, туку обврска на државата и институциите, порачува ЛДП. Партијата смета дека власта можела да ги послуша предлозите и да спречи трагедии и бара морална и политичка одговорност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.