Меџити рече дека имало различни гласови, но дека ситуацијата се разјаснила и дека нема ништо од шпекулациите. ВЛЕН, според него, е заеднички проект посветен на спроведување на програмата, кој придонел политичката сцена да има два силни табора.
За своето претходно заминување од политичкиот субјект во кој бил потпретседател, Меџити рече дека тоа било најавено во рамките на субјектот. Според него, се водела внатрешна борба за поинаков глас, а кога се исцрпиле можностите, тој тргнал по нов пат. Рече и дека не е политичар што прави брзи потези.
ВЛЕН е отворен за проширување и се консолидира сè повеќе секој ден, оцени Меџити. Тој ги отфрли тврдењата за поделби во ВЛЕН, а рече дека поделби има во албанската опозиција, вклучително и во АКИ и Европскиот фронт.
За политичката трка во Брвеница, Меџити рече дека ВЛЕН е фокусиран таму и има свој кандидат. Тој тврдеше дека албанската опозиција ги загубила изборите во Брвеница пред шест месеци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.