За пристапувањето во ЕУ се разговараше во контекст на сè уште неотворените претпристапни преговори. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, побарал поддршка од европските делегати за деблокирање на процесот. Ко-претседавачот Иван Гулан оценил дека проширувањето треба да се заснова на реформи и заслуги, а билатералните спорови да не бидат пречка за земјите кандидати.
Втората тема биле јавните набавки. Претставнички на Европската комисија ги презентирале предложените измени на директивите од 2014 година, кои се во консултативен процес, а делегатите разговарале за конкуренцијата, транспарентноста и критериумите за избор. Директорката на Бирото за јавни набавки, Марија Богева Мицовска, го претставила електронскиот систем што е во функција од 2009 година.
Следната, 27. седница на комитетот треба да се одржи во Брисел.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.