Димитровски, кој ја предводеше македонската делегација, се заложи за поинтензивна соработка во областите од заемен интерес, со посебен акцент на економските и трговските односи. Тој му упати отворена покана на Хун Манет да ја посети Македонија, а камбоџанскиот премиер се согласи дека постои потенцијал за натамошно продлабочување на билатералната соработка.
Годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Димитровски ја оцени годишнината како можност за нов поттик во нивното унапредување.
Како основа за поблиски односи и посилна меѓусебна поддршка на меѓународен план, Димитровски ги посочи членството во Меѓународната организација на Франкофонијата и соработката во Обединетите нации и другите мултилатерални форуми.
Камбоџа е домаќин на Министерската конференција и на 20. Самит на Франкофонијата во Пном Пен, кои обединуваат претставници на повеќе од 90 земји. Хун Манет изрази гордост за домаќинството и ги оцени собирите како израз на солидарност, дијалог и соработка во франкофонското семејство. Димитровски упати честитки за нивната организација.
На средбата Димитровски му пренесе и честитки од премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста на Камбоџа, одбележан на 9 ноември.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.