За источниот сосед, Василевска рече дека и по затворањето на едно поглавје во Советот на Европа минатата година останало укажување за исполнување на обврските од пресудите на Судот во Стразбур во врска со регистрацијата на ОМО „Илинден“-Пирин.
Таа рече дека во јануари годинава „ние“ го затвориле постмониторингот и дека повторно се пред „нив“ во однос на исполнувањето на критериумите. Според Василевска, „тие“ треба да го завршат процесот „до прва“. Таа додаде дека ОМО „Илинден“-Пирин е под постојан мониторинг и дека македонската мисија во Стразбур и други релевантни фактори во Советот на Европа ја следат работата.
Василевска рече дека би сакала повеќе работа на владеењето на правото и реформите во правосудството, квалитетно високо образование, квалитетни институции и достапен здравствен систем за македонските граѓани. Според неа, овие прашања најмногу ја интересираат Европската Унија, а домашните задачи треба да се завршат за земјата да биде дел од Унијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.