360 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Хоџа и чешката амбасадорка разговараа за еколошка соработка

Извор на фотографијата: Министерство за животна средина и просторно планирање
Извор на фотографијата: Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и чешката амбасадорка Ирена Гецова денес разговараа за унапредување на соработката во заштитата на животната средина.

Разговорите опфатија размена на искуства и експертиза за управување со отпадот, подобрување на квалитетот на воздухот и контрола на индустриското загадување.

Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешка во процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија, како и за активната улога на чешката амбасада во поттикнувањето на еколошката соработка.

Двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за понатамошно партнерство преку институционална соработка, размена на знаења и конкретни активности од заемен интерес.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.