Гаши очекува продолжување на соработката меѓу претседателите на двата парламента, пратеничките групи и собраниските комисии, вклучително и размена на добри практики и искуства. Како посебен облик на соработка ја истакна поддршката преку Вестминстерската фондација за демократија, насочена кон зајакнување на функциите на Собранието и неговата служба.
Сивањанам истакна дека ќе посвети внимание на соработката со Собранието во текот на нејзиниот мандат. Како приоритети за следниот период ги наведе натамошниот развој на дипломатските односи и севкупната билатерална соработка.
На средбата беше нагласено и значењето на стратешкото партнерство, договорот за уредување на трговските односи и понатамошната британска поддршка за европската агенда на Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.