На денешната прес-конференција во Собранието, Филипче рече дека акциите ѝ припаѓале на Македонија по сукцесијата од поранешна Југославија и дека Мацура побарал да ги откупи, но не добил согласност од тогашната влада. Тој објасни дека по стекнувањето над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот во српското законодавство.
Филипче посочи дека на 24 октомври 2023 година Владата донела заклучок за ангажирање на Државното правобранителство, кое требало да комуницира со српските институции за заштита на државниот интерес, вклучително и во врска со акциите преземени без согласност. Тој најави дека документите ќе им бидат споделени на медиумите и на јавноста.
Филипче го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на надзорната расправа за Алта банка погрешно ја претставил содржината на документот и дека се обидува да ја префрли одговорноста врз претходната влада. Тој повика Основното јавно обвинителство да истражи зошто премиерот, според него, лаже и манипулира во јавноста.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.