Повикувајќи се на Извештајот на Европската комисија за 2026 година, ДОМ наведе дека само седум вработени во Агенцијата за заштита на личните податоци се непосредно задолжени за спроведување на законот. Според партијата, предупредувањето на Комисијата се однесува на недостиг од луѓе и финансии, како и на ограничени капацитети за надзор над вештачката интелигенција и биометриските податоци.
Покрај прашањата за заштитата и независниот надзор, ДОМ побара одговор и како ќе се гарантира безбедноста на целата инфраструктура на најавениот центар. Партијата оцени дека дигиталниот развој не може да се сведе на изградба на објекти додека институциите немаат доволна поддршка за заштита на податоците на граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.