Демократи се повикуваат на распоредот од средбата на битолскиот градоначалник Коњановски со одговорните за проектот. Според тој распоред, во 2027 година за сообраќај треба да се отвори делница од 12 километри, а до крајот на 2028 година треба да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. На делот пред Прилеп прво треба да се решат имотноправните прашања околу експропријацијата и да се премести постојната инфраструктура.
Партијата ги обвини градоначалниците, министерот и Владата дека ги користат овие постапки како изговор за сопствената неспособност и дека со тоа ги залажуваат граѓаните. Демократи прашуваат зошто за 40 километри автопат се потребни повеќе од четири години и дали и тој период ќе биде доволен.
Од Демократи велат дека одговор бараат и жителите на двата града, кои, според партијата, со години ги оштетуваат автомобилите на дотраениот пат и се изложени на ризик од сообраќајни несреќи. Затоа партијата бара изградбата да добие приоритет. Како пример за предолго градење го посочува автопатот Охрид-Кичево, за кој вели дека е долг 50 километри и се гради 17 години.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.