Најважно
321 вести · 24 ч.
Берово 1°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Тројца скопски судии во Атина на обука за соработка против еколошкиот криминал

Фотографија од настанот · Јанаки Митровски
Фотографија од настанот · Јанаки Митровски
  • Главната тема е меѓународната судска соработка во предмети за еколошки криминал.
  • Зимската академија во Атина трае до 27 ноември.

Како судовите од различни земји соработуваат во предмети за криминал против животната средина и со какви тешкотии се соочуваат е главната тема на обуката што почна денеска во Атина. На неа учествуваат тројца судии од Основниот кривичен суд Скопје.

Судиите Елизабета Постоловска, Сања Лазова-Стојанова и Фитим Лога ја следат Зимската академија за судска соработка во борбата против организираниот криминал, која трае до 27 ноември. Целта е судиите да разменат искуства и добри практики, да ги усовршат своите вештини и да ја зајакнат соработката со колегите од регионот и пошироко за поефикасна борба против организираниот криминал.

Академијата е дел од проектот „WBCJ“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Еуроџаст.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.