Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Централниот одбор на НСДП избра четворица потпретседатели, Милковски останува генерален секретар

Фотографија објавена на јавниот профил на Нова Социјалдемократска Партија-НСДП
Фотографија објавена на јавниот профил на Нова Социјалдемократска Партија-НСДП
  • Во Извршниот одбор на НСДП се избрани 17 членови.
  • На седницата е донесен Деловникот за работа на Централниот одбор.

Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната конститутивна седница во Скопје повторно го избра Мики Милковски за генерален секретар. На седницата беа избрани и четворица потпретседатели.

За потпретседатели се избрани Соња Мираковска од Скопје, Зоран Маневски од Куманово, Венцо Вуинов од Виница и Драги Крстев од Битола.

Организациони секретари се Зоран Георгиев од Битола и Иван Трајковски од Скопје, а за секретар за меѓународна соработка е избран Марјан Дамјановски од Скопје.

Во Извршниот одбор на НСДП се избрани 17 членови. На седницата е донесен и Деловникот за работа на Централниот одбор.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.