Беџети побара итна институционална транспарентност и одговорност од надлежните институции за казната. Според него, неприфатливо е во 2026 година некој да заврши во затвор поради симболите на својот национален идентитет.
Тој порача дека албанското знаме не е провокација ниту кривично дело и не може да се третира како закана. Знамето, според Беџети, претставува идентитет, гордост и историја, а ниту еден суд не може да го прогласи за криминал.
Беџети истакна дека Албанците нема да се вратат во време кога нивното знаме било причина за прогон и казнување. Тој се спротивстави на криминализирањето на нивниот идентитет, понижувањето на достоинството и примената на двојни стандарди кон нив.
Албанците ги опиша како автохтон и државотворен народ кој заслужува целосна еднаквост, правда и почит, а не затворски казни за националните симболи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.