На средбата беа разменети мислења и за политичката стабилност во регионот и значењето на добрососедските односи за регионалната безбедност.
Во разговорот беше нагласено исполнувањето на обврските од членството во НАТО, меѓу кои зголемувањето на одбранбениот буџет, достигнувањето на НАТО-стандардите и модернизацијата и опремувањето на Армијата. Арсоски посочи дека Македонија ги исполнува преземените обврски и дека до 2030 година се очекува одбранбениот буџет да достигне 5 отсто од БДП.
Арсоски го поздрави процесот „ReArm Europe“, оценувајќи дека зголемените инвестиции во одбраната отвораат можности за развој на европската и домашната одбранбена индустрија. Тој наведе дека Македонија соработува со САД, Холандија и Турција во модернизацијата на Армијата, а се преземаат и активности за привлекување странски инвестиции и развој на капацитетите во воената индустрија.
Соговорниците го поздравија учеството на Македонија во НАТО и меѓународните мировни мисии. Тие оценија дека соработката со сојузниците и партнерите и добрососедските односи се важни за регионалната безбедност и стабилност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.