Осомничениот работел во Одделението за издавање урбанистички согласности. Како службено лице бил овластен да потпишува, да дава мислења и да издава согласности за просторни и урбанистички планови и проекти од аспект на заштитата и спасувањето, како и за елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.
Според Обвинителството, тој директно ги побарал и ги примил парите од едно лице за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Наредбата за истражна постапка се однесува на кривичното дело примање поткуп по член 357 став 1 од Кривичниот законик.
Предлогот за притвор е доставен до судијата на претходна постапка. Обвинителот оценил дека постои ризик осомничениот да избега за да избегне кривичен прогон, земајќи ги предвид природата на делото како дело против службената должност, начинот и околностите на неговото сторување и последицата. Со оглед на службената позиција, обвинителот оценил и дека постои ризик осомничениот да го повтори делото, како и оправдан страв дека би можел да влијае врз сведоци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.