Просторниот план е национален стратешки документ што дава насоки за организација, користење, заштита, уредување и управување со просторот во државата.
Расправа организираа Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за планирање на просторот и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Неби Реџепи, раководител на секторот за просторно планирање во Министерството, рече дека постапката почнала во 2021 година со потпишување основен договор за изработка. Министерството е нарачател, а Агенцијата е стручен изработувач на планот.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека во општината е во тек изработка на нов генерален урбанистички план, бидејќи постојниот е стар неколку децении.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.