Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

В.д. директорот на ЈП „Лајка“ учествуваше на работилница за управување со популацијата на кучиња на Балканот

Фотографија објавена на јавниот профил на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“-Скопје
Фотографија објавена на јавниот профил на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“-Скопје

В.д. директорот на скопското ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, учествуваше на Седмата регионална работилница на „WOAH“ за управување со популацијата на кучиња на Балканот. Работилницата се одржа во Сараево од 27 до 29 октомври 2026 година.

Димитровски ја претстави работата на претпријатието, со акцент на активностите на терен, вдомувањето, едукацијата и подигањето на јавната свест за одговорното сопствеништво и хуманиот третман на животните.

ЈП „Лајка“ наведува дека на работилницата била истакната потребата од промена на долгогодишната практика во Македонија за третманот на кучињата позитивни на лајшманиоза. Според претпријатието, постапката за нив треба да биде стручна, одговорна и похумана, усогласена со современите сознанија и принципите на благосостојба на животните.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.