Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Универзитетот Мајка Тереза и Алтернатива договорија соработка за студентска практика во психотерапијата

Фотографија од настанот · Универзитет во Тетово
Фотографија од настанот · Универзитет во Тетово

Можности за студентска практика и професионален развој во психотерапијата и психолошкото советување предвидува меморандумот што вчера во Скопје го потпишаа Универзитетот Мајка Тереза и Институтот за брак, семејство и системска практика Алтернатива.

Соработката ќе ја поврзува наставата со практиката преку тематски предавања, работилници и практични вежби во кои ќе се вклучат експерти од Алтернатива. Меморандумот предвидува и поттикнување научни истражувања и заеднички образовни иницијативи, со цел студентите да ги развиваат практичните компетенции.

Партнерството има цел да ги приближи студентите до пазарот на трудот и до институциите специјализирани за ментално и семејно здравје.

Меморандумот го потпишаа ректорот Беким Фетаји и директорката на Алтернатива, прим. д-р Славица Гајдасис Кнежевиќ. На средбата присуствуваа и проректорите Сани Демири и Бујамин Бела, продеканот за наука на Факултетот за социјални науки, Даниел Павловски, како и Анастасија Гкаитаци-Саздов, која ја придружуваше директорката.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.