Право на пријавување имаат вработените во редовен работен однос на УКИМ. Мобилноста може да се оствари со универзитети во програмските држави со кои УКИМ има потпишано Еразмус+ договори. Во нив спаѓаат членките на ЕУ, членките на ЕФТА што се и членки на ЕЕО, односно Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, како и Србија и Турција.
Кандидатите треба лично да поднесат три примерока од апликацијата до Еразмус+ координаторот на својот факултет, најдоцна до 11 декември 2026 година.
Мобилноста трае од три до пет работни дена, без деновите потребни за патување. За мобилност со наставен ангажман треба да се одржат најмалку осум часа настава за време на престојот.
За наставен ангажман се потребни формулар за пријавување, договор за мобилност за настава, покана од универзитетот домаќин и кратка биографија. За обука се бараат формулар, договор за мобилност за обука, покана и биографија до три страници. Документите се достапни на интернет-страницата на УКИМ-Еразмус+.
Дневната стипендија изнесува од 148 до 190 евра, зависно од земјата на престој.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.