Најважно
383 вести · 24 ч.
Берово -2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

УХМР: Во четврток на запад се очекуваат над 30 литри дожд на квадратен метар

Илустрација за дожд
  • Утре наутро температурите ќе се спуштат до минус осум степени.
  • За среда и четврток УХМР нема издадено предупредување.
  • И во петок и сабота на места се очекуваат пообилни врнежи.

По студеното утро, утре кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови на Македонија повремено ќе врне дожд. УХМР прогнозира пообилни врнежи на запад во четврток, а локално и во петок и сабота.

Утре наутро ќе биде ведро, со температури од минус осум до нула степени. Преку денот ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер и максимални температури од 6 до 12 степени.

Во четврток ќе биде облачно со повремен дожд. Во западните делови се очекуваат повеќе од 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен јужен ветер кој на места повремено ќе засилува. Утринските температури ќе бидат од 2 до 7 степени, а дневните од 7 до 12. За утре и за четврток УХМР нема издадено предупредување.

Во петок и сабота ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд. И во двата дена на места се очекуваат над 30 литри на квадратен метар. Во петок ветерот првин ќе биде слаб и од променлив правец, а попладне и кон крајот на денот на места долж Повардарието ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурите наутро ќе бидат од 5 до 9 степени, а преку денот од 8 до 12.

Во сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5 до 10 степени, а дневните од 6 до 11.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.