За да се зајакнат стручното образование и обуката, меѓу приоритетите се и унапредувањето на регионалните центри за стручно образование и обука и кариерното советување. Сулејмани се заложи и за учење во текот на целиот живот, за граѓаните да можат да се приспособуваат, да напредуваат и активно да учествуваат во економските и општествените промени.
Образовниот систем треба да одговори и на технолошкиот развој, демографските промени и зелената транзиција. На панелот во Торино, Сулејмани со другите учесници разговараше за тоа како меѓународната соработка може да помогне во развојот на вештините, јакнењето на отпорноста и справувањето со глобалните промени.
Сулејмани рече дека преку Националната реформска агенда и процесот на европска интеграција институциите се залагаат за квалитетно, инклузивно и конкурентно образование. За тоа, според него, се потребни трајни партнерства меѓу образовните институции, компаниите и меѓународните партнери, а вложувањето во образованието и вештините е важно за европската иднина на земјата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.