360 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ ги запознаа „CNC“ машините во „СМЕЛТИНГ“ во Велес

Фотографија објавена на јавниот профил на ССОУ Коле Неделковски Велес
Фотографија објавена на јавниот профил на ССОУ Коле Неделковски Велес

Ученици од IV година на профилот техничар за компјутерско управување при ССОУ „Коле Неделковски“ на 4 ноември ја посетија компанијата „СМЕЛТИНГ“ во Велес. Посетата беше дел од практичната настава по предметот „Учење преку работа кај работодавач“.

Во текот на посетата, учениците добија стручни објаснувања за функционирањето на „CNC“ машините, изработката, внесувањето и повикувањето „CNC“ програми, како и за улогата на управувачката единица во контролирањето на работата и движењата на машината.

Целта беше учениците да се запознаат со производствените капацитети, современите технологии и примената на „CNC“ машините во индустриското производство. Преку непосредното запознавање со производствените процеси имаа можност да ја поврзат теоријата од наставата со практиката во работна средина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.