Иницијативите може да се однесуваат на инклузија на деца со попреченост, права на децата, интеркултурализам и родова еднаквост.
На обуките учениците вежбале да препознаваат смислено учество, да ги искажуваат своите ставови и да ги слушаат различните гледишта. Развивале и анкети за проблемите во училиштата, ги анализирале одговорите, демократски избирале проблем за иницијативата и изработувале план за дејствување.
Проектот „Зајакнување на инклузијата на деца со ПОП“ е поддржан од Детската фондација Песталоци, која обезбедува финансиска и стратешка поддршка, како и поддршка за управување со проектите и развој на организациските капацитети на МЦГО.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.