360 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ученички од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ учествуваа на панел за девојките во СТЕМ

Фотографија од настанот · СУГС Гимназија Јосип Броз -Тито- Скопје
Фотографија од настанот · СУГС Гимназија Јосип Броз -Тито- Скопје

Ученички од IV година на скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ учествуваа на настан и панел-дискусија за девојките во науката, технологијата, инженерството и математиката во Центарот за трансфер на технологии и иновации „INNO-FEIT“.

Настанот „Кој ја кодира иднината? Девојките во СТЕМ“ го организирала мрежата „Europe House“ во рамките на целогодишната национална кампања за родова еднаквост.

Целта на дискусијата била да се отвори дијалог за надминување на родовиот јаз во СТЕМ и за системските бариери со кои се соочуваат девојките и жените во дигиталната ера. Темите ги опфаќале и креирањето инклузивни политики и еднаквиот пристап до идните технолошки лидерски позиции.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.