Првичниот опфат ќе ги вклучи главните сообраќајници и крстосници во Скопје и во другите градови. Системот ќе се користи само кога прекршокот може недвосмислено да се утврди, за возачите што стојат во сообраќаен метеж да не бидат неправедно казнети.
Тошковски објасни дека метежот досега создавал технички тешкотии при препознавањето: системот не можел секогаш прецизно да разликува возило запрено поради застој од возило што непрописно запира или паркира.
Известувањата ќе се испраќаат преку СМС или електронска пошта, наместо со хартиена документација.
Министерството за внатрешни работи најавува и дополнителни мерки за наплата на казните од странски возачи. По Табановце, системот треба да стане функционален и на граничниот премин Блаце, каде што се поставени привремени објекти. Преку посебна електронска апликација странските возачи ќе можат да проверат дали имаат регистриран прекршок, со кое возило е направен и дали имаат неплатена казна, како и електронски да ги подмират обврските.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.