359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Тимот на ГРЕКО ја заврши посетата за корупцијата и интегритетот на локално ниво

Извор на фотографијата: Државна комисија за спречување на корупцијата
Извор на фотографијата: Државна комисија за спречување на корупцијата
  • Следен чекор е подготовка на извештај со опис на состојбата, оценки и препораки.
  • На 5 и 6 ноември тимот ги посети Град Скопје и Општина Куманово, избрани за евалуацијата.
  • ДКСК ја организираше посетата во соработка со Министерството за правда.

Експертски тим на ГРЕКО од 2 до 6 ноември ја заврши евалуациската посета во Македонија, во рамки на Шестиот евалуациски круг, посветен на спречување корупција и промовирање интегритет на локално ниво. Следен чекор е подготовка на извештај со опис на состојбата, оценки и препораки.

На 3 и 4 ноември тимот одржа состаноци со претставници на државни институции, невладиниот сектор, меѓународната и академската заедница, медиуми и новинари.

На 5 и 6 ноември тимот ги посети Град Скопје и Општина Куманово, избрани за евалуацијата. Таму се сретна со градоначалниците, членовите на советите и општинските службеници задолжени, меѓу другото, за интегритет, јавни набавки, урбанизам и внатрешна ревизија.

Програмата заврши со состанок во Државната комисија за спречување на корупцијата, посветен на разјаснување отворени прашања и заклучоци од посетата. ДКСК ја организираше посетата во соработка со Министерството за правда.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.